1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНагради со фискални и во земји на ЕУ, Јужна Америка, Тајван,...

Награди со фискални и во земји на ЕУ, Јужна Америка, Тајван,…

fiskalni nagradnaa

Наградна игра со фискални сметки како во Македонија, се организираат и во повеќе други земји, вклучувајќи и две членки на ЕУ, Португалија и Словачка, објавува „Фајненшел тајмс“.

Португалската влада верува дека со трансформирање на фискалните сметки во ливче за лотарија, може да воведат дисциплински мерки за неплаќачите на данок со цел да се исполнат тешките услови за намалување на дефицитот согласно договорот за финансиска помош во вредност од 78 милијарди евра. Според Пауло Нунцио, државен секретар за фискални работи, ако им се даде на луѓето шанса да освојат нов луксузен атомобил, тогаш за 50 отсто ќе се зголеми бројот на трансакциите од продажба префрлени на даночните власти оваа година, а повеќе од две милијарди фактури ќе бидат регистрирани во споредба со лани.

Трошокот на даночните обврзници со купување на автомобилите, кој неофицијално се смета дека е околу 90.000 евра, ќе биде далеку поважен од зголемениот даночен приход од заработките кои не биле пријавени претходно, оценува владата на Португалија.

Наградната игра наречена „преку авомобили до данок“ наиде и на негативни критики, од повредена национална гордост до забелешки во врска со загадувањето. Имаше и забелешки дека преку користење на искушението на скапи возила за „граѓаните да прераснат во даночни инспектори“ не се станува модерна европска демократија. Слична наградна игра што беше спроведена од Сао Паоло во Бразил послужи како инспирација за португалската. Наградни игри со кои може да се направи споредба се користат во Аргентина, Колумбија, Порторико и Тајван.

Словачка, која почна да нуди парични награди и коли како добивки во даночна лотарија минатата година, е втора земја во еврозоната која ја испробува идејата со „среќна фискална сметка.“

„Оваа мерка може да го повреди нашето достоинство. Но, она што вистински го одразува нашето ниво на цивилизираност е дека голем број приходи не се пријавуваат, а нема врска со мерката донесена да се искорени тоа“, вели Карлос Луреиро, даночен партнер на Делоите со седиште во Лисабон.

Противниците велат дека наградната игра праќа погрешни пораки, се промовира увоз на автомобили направени во странство, во земја која прави напори да излезе од кризата преку извоз на свои производи, се фрлаат во сенка напорите за зголемување на употребата на јавен превоз и намалувањето на загаденоста.

Малите претпријатија сметаат дека за регистрирање на даночниот број од девет цифри за секој клиент кој купува кафе или весник ќе бидат потребни 130 минути од работните саати оваа година – загуба во продуктивноста која, според нив, државата не може да си ја дозволи, пишува „Фајненшел тајмс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП