27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBarсlays: Повеќе отпуштања, поголеми бонуси!

Barсlays: Повеќе отпуштања, поголеми бонуси!

barclays

Втората најголема банка во Британија, „Barсlays“ најави укинување на 12.000 работни места, затоа што сака да ја промени својата корпоративна политика по низата скандали.

Покрај најавувањето за отпуштањата, „Barсlays“ наведува дека ќе одвои повеќе пари за да исплати бонуси.

Имено, бонусите исплатени на вработените во 2013-та година пораснаа на 210 милиони фунти, што е мерка која извршниот директор на „Barсlays“, Ентони Џенкинс, секогаш ја бранеше и покрај влошувањето на работата на банката во последниот квартал од минатата година.

Во најавените отпуштања ќе бидат погодени и 400 вработени во инвестицискиот оддел на „Barсlays“, а тој сектор ќе биде прв на удар, затоа што банката настојува да се трансформира во повеќе етичка институција, по учеството во скандалот околу местењето на меѓубанкарската стапка „Libor“.

Со овој потег, „Barсlays“ сака да ги намали трошоците на 16.8 милијарди фунти до 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП