2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на индустриското производство во БиХ од 6,7 проценти

Раст на индустриското производство во БиХ од 6,7 проценти

industrija259bosna

Во Босна и Херцеговина во 2013 година индустриското производство забележа раст од 6,7 проценти во однос на претходната година. Според податоците на Агенцијата за статистика на БиХ, во 2013 година, во однос на 2012 забележан е раст во преработувачката индустрија од 9,5 проценти, производството и снабдувањето со електрична енергија и гас од 5,6 проценти, додека во рударството и вадењето камен пад од четири проценти.

Во рамките на преработувачката индустрија, во производството на прехрамбените производи остварен е раст од 5,9 проценти, во производството на пијалоци од седум проценти, производството на цигари 4,9 проценти, додека најголем раст е остварен во производството на текстил – од 32,5 проценти и производството на облека – 26,6 проценти.

Производството и преработката на дрво, освен мебел, бележи раст од 12,5 проценти, производството на хартија и производи од хартија 2,6 проценти, а производството на мебел 5,3 проценти.

Производството на основни фармацевтски  производи и фармацевтски препарати забележа пад од 6,9 проценти.

Во производството на готови метални производи, освен машини и уреди, раст од 23,5 проценти, а во производството на машини и уреди 37 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП