1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо одговорот од Антикорупциска вселување во социјалните станови

По одговорот од Антикорупциска вселување во социјалните станови

stanovi

Завршени се поголемиот дел од споровите пред Управниот суд што го одложија вселување восоцијалните станови доделени пред повеќе од година во Штип, Берово и во Битола.

Вселувањето ќе зависи од одлуката на Антикорупциската комисија поради распишаните претседателски избори.

Тоа го изјави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески коментирајќи го одложеното вселување во социјалните станови.

Преку одделни повици, во Штип беа распределни 91 социјален стан, во Берово 20, а во Битола 78. По решението од Министерството за транспорт, укажа Јанакиески, се искористило правото на жалби до Управен суд и до Вишиот управен суд со што поминала повеќе од година.

„Сакам да се извинам на сите граѓани што добија социјални станови, а не се доделени веќе една година бидејќи се водеа доста спорови на Управен суд“, рече Јанакиески, одговарајќи на новинарски прашања по денешната промоција на нова веб страница на Агенцијата за државни патишта.

Јанакиески информира дека за становите во Штип и во Берово се завршени сите управни спорови и оти се чека одговор од Државната комисија за спречување на корупцијата дали ќе може да се доделат со оглед на распишаните претседателски избори. Постапката е почната пред распишување на изборите.

„Очекуваме одговор од Антикорупциска дали може да ги распределиме или не во оваа фаза. Доколку можеме, тоа би го направиле уште наредната година, а ако не ќе чекаме да заврши изборниот процес“, изјави Јанакиески.

За становите во Битола, посочи, само за уште еден предмет се чека рок за правосилност, или странките да достават жалба до Вишиот управен суд. Ако нема жалба тогаш до крајот на наредната недела ќе бидеме спремни да ги доделиме становите, а ако има ќе треба да чекаме Вишот управен суд да се произнесе, појасни министерот за транспорт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП