Во периодот јули-декември 2013 година издадени се 48 одобренија за употреба, а проценетата вредност на објектите изнесува 868.327 илјади денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број издадени одобренија за употреба, 37 или 77,1 отсто се наменети за објекти од високоградба, четири, односно 8,3 отсто за објекти од нискоградба и седум (14,6 отсто) за објекти за реконструкција.
Кај 32 објекти (66,7 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 16 објекти или 33,3 отсто инвеститори се деловни субјекти.
Во последните шест месеци од минатата година издадена е употребна дозвола на 144 станови со вкупна површина од 10.044 метри квадратни.