26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија распродава се!

Словенија распродава се!

slovenija1

Словенечката влада е подготвена без ограничување да ги продаде сите државни акции во неколку компании, пишуваат регионалните медиуми.

На инвеститорите би можеле да им бидат интересни акциите на фармацевтската компанија „Крка“, компанијата „Сава“ и претпријатието за управување со патишта „Дарс“.

Сопственичките удели во нив, како и во авио компанијата „Адрија ервејс“, банката „Целје“, „Блед“, „Порторош“, „Сава“ и „Жито“ кои владата ги класифицираше како компании во кои нема стратешки интерес за државна контрола и изјави дека е подготвена да ги продаде без задржување на една четвртина од акциите. Во НЛБ државата ќе се обиде да ја задржи сопственоста на една четвртина, изјави државниот секретар во Министерството за финансии, Андрек Ширцељ.

Во групата на компаниите чии акции државата сака да ги продаде се наоѓа и „Телеком Словенија“, љубљанскиот „Петрол“, но без енергетскиот дел кој ќе се одвои како стратешки дел од националните средства.

Словенија во државна сопственост има намера да задржи поголем дел од енергетската и сообраќајната инфраструктура, а целосно ќе ја задржи и сопственоста на банката „СИД“, и уделот со кој располага државниот фонд „КАД“.

Роковите за продажба на државните акции сеуште не се наведени, а освен цената и квалитетот на потенцијалниот купувач, ќе се разгледуваат и останатите елементи, како што се бизнис плановите на потенцијалниот купувач, кредитната способност и одржувањето на поголем број на работни места.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП