27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле: Нема знаци за дефлација

Шојбле: Нема знаци за дефлација

gemashojble1

Неодамнешните турбуленции на пазарите во развој ќе ги погодат извозно ориентираните економии, но нема знаци дека европската монетарна унија е на пат кон дефлација.

Ова го изјави германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, кој во интервјуто за Ројтерс, по повод низата разговори со водечките законодавци на еврозоната, порача дека Групата Г20 на водечките економии во светот, е подготвена да им помогне на земјите во равој чии валути во претходните недели потонаа на рекордно ниски нивоа.

„Се обидуваме да им помогнеме на пазарите во развој во рамките на нашите можности да ги решат проблемите, како што ние имавме поддршка во изминатите години“, изјави Шојбле, во пресрет на состанокот на министрите за финансии на Г20 во Австралија.

„Тешката ситуација на некои пазари во развој влијае на нас. Сите сме зависни од извозот, Германија повеќе од останатите“, изјави Шојбле, додавајќи дека се согласува со претседателот на Европската централна банка, Марио Драги, дека падот на цените не претставува опасност по еврозоната, и покрај тоа што инфлацијата во тој блок забави на 0,7 проценти минатиот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП