28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален откупот и продажбата на земјоделски производи

Намален откупот и продажбата на земјоделски производи

zemjodelski1

– Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во декември 2013 година изнесува 2.127.801.000 денари, што претставува намалување за 31.1 отсто во споредба со декември 2012 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 37.8 отсто, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е намалена за 4.4 проценти.

Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се бележи кај житата, индустриските растенија, овошјето, алкохолните пијалоци, добитокот, млекото и млечните производи, а зголемување на вредноста е забележано кај зеленчукот, фуражните растенија, грозјето, живината и јајцата и рибата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП