8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШикорски: Помошта за Украина од ММФ и ЕУ може да достигне 20...

Шикорски: Помошта за Украина од ММФ и ЕУ може да достигне 20 милијарди евра

radoslavshiko1

Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд би можеле на Украина да и понудат економска помош во висина од 20 милијарди евра, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски.

Според Шикорски потенцијалната помош на ЕУ и ММФ може да достигне 20 милијарди евра, доколу Украина спроведе одредени реформи.

Земјите од ЕУ првпат од Портокаловата револуција дадоа на знаење дека Украина може еден ден да се приклучи кон ЕУ. – Советот изразува уверување дека Спогодбата за асоцијација не е крајна цел на соработката меѓу ЕУ и Украина, се наведува во декларацијата на министрите за надворешни работи, усвоена вчера во Брисел.

– Ја отворивме вратата и му дадовме надеж на украинскиот народ, дека доколку Украина тргне по патот на реформите, таа ќе има можност целосно да ги искористи предностите на европската интеграција, нагласи Шикорски, имајќи ја предвид 49. глава од договорот за ЕУ, спред која секоја европска земја може да стане членка доколку исполни одредени демократски критериуми

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП