26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГерманскиот Mетро на крилјата на успехот

Германскиот Mетро на крилјата на успехот

Metro121

Германскиот малопродажен и дистрибутивен гигант „Mетро“ е уверен дека ќе ги оствари целите за тековната фискална година, по силниот раст на профитот во првиот квартал.

„Имаме солидна основа за остварување на целите за фискалната 2013/14“, изјави извршниот директор на компанијата Олаф Кох.

Во првиот квартал од оваа година, односно трите месеци заклучно со декември, нето-профитот порасна на 451 милиони евра од 36 милиони евра, колку што имаа во истиот период од претходната година.

Меѓутоа, добрите резултати се остварени поради тоа што на приходите од 2012/13 влијаеа еднократните трошоци во вид на продажба на француската филијала „Ошан“, супермаркетот „Реал“ во источна Европа и затворањето на продавницата за електроника во Кина.

Профитот од работењето, пред одбивањето на каматата и данокот, е намален за 15,7 отсто на 1,07 милијарди евра. Приходите истовремено забележаа пад за 3,3 проценти на 18,72 милијарди евра, најголем дел поради силното евро. „Метро“ на ниво на целата финасиска година очекува профит од работењето од 1,75 милијарди евра и мало зголемување на приходот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП