29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLoreal оствари рекордна рентабилност

Loreal оствари рекордна рентабилност

4f72415e374c304a44b350af842a1dc5

Најголемиот светски производител на козметика, француската компанија „Loreal“, сопственик на познатите брендови „Lancome“, „Garnier“, „Yves Saint Laurent“, ја зголеми продажбата во минатата година за 2,3 проценти, на 22,98 милијарди евра, што е блиску до очекуваното ниво на приходи од 23,04 милијарди евра.

Групацијата овој раст им го должи на луксузните брендови (Lancome, Armani Beaute, Yves Saint Laurent ), чиј раст е забрзан во четвртиот квартал на 8,4 проценти, по 6,2 проценти за првите девет месеци, пренесува францускиот весник Капитал.

Спротивно на тоа, растот на продажбата во сегментот на широката потрошувачка (Loreal Paris, Garnier, Maybelline) во последниот квартал од 2013 година забави на 3,7 проценти, по 5,3 проценти кои беа забележани во претходните девет месеци.

Годишната оперативна добивка од 3,875 милијарди евра (според очекувањата 3,84 милијарди) покажува раст од 4,8 проценти, додека оперативната маржа, која е критериум за рентабилноста, е зголемена на 16,9 проценти, што претставува историски рекорд.

Нето профитот во изминатата година изнесуваше 2,96 милијарди евра и 3,2 проценти е поголем во однос на 2012 година. Аналитичарите во просек предвидуваа 3,08 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП