3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен извозот на Бугарија

Зголемен извозот на Бугарија

bugarijaizvoz15

Бугарија минатата година извезла стока вредна 43,4 милијарди лева (22 милијарди евра) што претставува раст од 6,8 проценти во однос на 2012 година, покажуваат прелиминарните податоци на Заводот за статистика во Софија.

Во декември извозот имал вредност од 3,1 милијарди лева, 2,8 проценти повеќе во однос на истиот месец претходната година, пренесува бугарската агенција БТА.

Увозот во 2013 година бил вреден 50,5 милијарди лева, односно 1,3 проценти повеќе од претходната година, додека во декември увозот се зголемил за 4,3 проценти на годишно ниво на четири милијарди лева.

Извозот на Бугарија во ЕУ во 11 месеци заклучно со ноември е зголемен за 9,6 проценти на годишно ниво на 24,4 милијарди лева, а главниот трговски партнер на Софија биле Германија, Италија, Романија, Грција, Франција и Белгија, и во тие земји отишле 71,6 проценти од вкупниот извоз во членките на ЕУ.

Изовот во трети земји во 2013 е зголемен за 3,5 проценти на 17,3 милијарди лева, а главни трговски партнери биле Турција, Кина, Русија и Украина, во кои отишле 50 проценти од вкупниот извоз во трети земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП