6 октомври, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald's: Ладното време ја намали продажбата

McDonald’s: Ладното време ја намали продажбата

mcdondonmc

Американскиот ланец ресторани за брза храна „McDonald’s“ минатиот месец евидентираше пад на продажбата на домашниот пазар поради екстремно ладното време.

Продажбата на најголемиот светски ланец за брза храна во јануари се намали за 3,3 проценти на годишно ниво во американските ресторани кои се отворени повеќе од една година и покрај агресивните обиди да се привлечат купувачите со промоцијата на новото мени, пренесува агенцијата АП.

Глобалната продажба, сепак, е зголемена за 1,2 проценти, благодарение на резултатите во Европа, Азија, Африка и на Блискиот Исток.

Компанијата со седиште во Илиноис за слабите резултати на домашниот пазар ја обвини острата зима, наведувајќи дека во моментов е насочена на модернизација на менито и работењето, бидејќи заклучила дека ја губи популарноста меѓу купувачите.

„McDonald’s“ е соочен со растечката конкуренција на ривалите како што е „Burger King“, во време кога ланците за брза храна се обидуваат да се прилагодат на новите параметри на клиентите, кои сакаат да се хранат поздраво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП