4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција на Германија: Не ни е потребна помош

Грција на Германија: Не ни е потребна помош

samarasgrcijaiz

Премиерот на Грција, Антонис Самарас ја отфрли можноста Грција да побара трет пакет помош од меѓународната финансиска помош.

„Не ни е потребна трета програма за помош. Ги остваруваме целите во рамките на моменталниот пакет и тоа носи добри резултати“, изјави грчкиот премиер.

Германскиот неделник Шпигл неодамна објави текст во кој се наведува дека германското Министерство за финансии работи на третиот пакет помош за Грција, чија вредност се проценува на 10 до 20 милијарди евра. „Она што е сигурно е дека било каква програма би изнесувала значително помалку од претходните“, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Самарас, сепак, вели дека Шојбле не го известил за планираниот нов пакет помош за Грција. Тој исто така ги отфрли наводите дека Атина заостанува со структурните реформи, како и идејата за еднократно оданочување на богатите, која ја предложи Бундесбанк, инсистирајќи богатите Грци, вклучувајќи ги и бродосопствениците, праведно да бидат оданочени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП