6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРезултатите на Hasbro под очекуваните

Резултатите на Hasbro под очекуваните

A statue of Hasbro's iconic Mr. Potato Head character is pictured in front of the Company's global corporate headquarters in Pawtucket

Производителот на играчки и друштвени игри, американската компанија „Hasbro“, во четвртиот квартал од минатата година оствари нето профит од 129,8 милиони долари.

Тоа е пад од 0,4 проценти во однос на истиот квартал претходната година.

Профитот по акција, кога ќе се исклучат вонредните ставки, на крајот на 2013 година, изнесувал 1,12 долари, додека американските аналитичари во просек очекуваа 1,23 долари, пренесува агенцијата АФП.

Приходите од продажбата во споменaтиот период изнесуваа 1,28 милијарди долари, што е пад од 0,1 проценти на годишно ниво и помалку од очекуваното (1,30 милијарди).

Компанијата во соопштението наведе дека падот на продажбата на играчките за момчиња го неутрализирал растот во сегментот на играчки и друштвени игри за девојчиња.

На домашниот пазар, во Северна Америка, продажбата во четвртиот квартал се намалила за пет проценти, додека за цела 2013 година е намалена за два проценти. Спротивно на тоа, на странските пазари забележан е раст на продажбата од пет и девет проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП