25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов филтер во пречистителна станица во рамки на „Итни акции“

Нов филтер во пречистителна станица во рамки на „Итни акции“

milieukontakt

Во Пехчево ќе биде пуштен во употреба нов филтер во пречистителната станица, променет во рамки на „Итните акции“ од Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, кои во осум македонски општини ги спроведува „Милиеуконтакт Македонија“.

Отворањето на новиот филтер е во соработка со Центарот за лековити билки и шумски плодови „Амброзија“ од Пехчево и Општина Пехчево, каде што денеска ќе биде одржана и втора јавна расправа за нацрт-стратегијата за климатски промени, изработена во рамки на проектот.

Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведуван од „Милиеуконтакт Македонија“, е двегодишна иницијатива за подготвеност на општините како да се справат со климатските промени.

Користејќи иновативна методологија наречена „Зелена агенда“, проектот има цел да ги собере граѓанските организации, граѓаните, како и органите на општините за развој на стратегии базирани на консензус и акциски планови за решавање на климатските промени и ублажување на нивните ефекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП