3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Гугл“ вреди речиси 400 милијарди долари и е на второ место на...

„Гугл“ вреди речиси 400 милијарди долари и е на второ место на највредни компании во САД

google

Компанијата Гугл е на второ место на листата на највредни американски претпријатија по пазарна вредност на берзата, откако го престигна „Ексон“ (Exxon).

Според податоците на „Фекстет“ (FactSet), Интернет гигантот Гугл минатата недела го престигна „Ексон“, откако на затворањето на берзата во петокот вредеше 395,42 милијарди долари во споредба со 392,66 милијарди долари колку што вредеше нафтената компанија.

Акциите на Гугл се во постојан раст од почетокот на 2013 година со добивка од 66 отсто, додека „Ексон“ забележан раст од пет отсто.

Прв на листата е „Епл“ со 463,55 милијарди долари пазарна вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП