27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија и Холандија бараат 4,85 милијарди долари од Исланд

Велика Британија и Холандија бараат 4,85 милијарди долари од Исланд

landsbanki

Британските и холандските власти поднесоа барање за 556 милијарди исландски круни, односно околу 4,85 милијарди долари, од исландски фонд.

Тоа се парите кои британски и холандски штедачи во исландски банки ги загубија со распадот на исландскиот банкарски систем во 2008 година.

Барањето е поднесено до исландски фонд што ги обезбедува штедните влогови на штедачите и инвеститорите.

Барањето е поднесено уште во ноември минатата година, но фондот дури сега информира за тоа.

Тужбата се однесува на влоговите во исландската банка „Ландсбанки“, која банкротираше во втората половина на 2008 година.

Тогаш британските и холандски штедачи беа компензирани од нивните влади кои оттогаш се обидуваат да си ги вратат парите од Исланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП