4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКој ќе биде новиот сопственик на Forbes?

Кој ќе биде новиот сопственик на Forbes?

forbes logoo

Денеска истекнува рокот за доставување на понуди за купување на групацијата „Forbеs Мedia“, издавачката куќа на магазинот „Forbes“. Засега се заинтересирани три компании.

Потенцијални купувачи на „Forbes“ се кинеската корпорација „Fosun International“, фондот „Spice Global“ од Сингапур и германската издавачка куќа „Axel Springer“, која по лиценца го издава магазинот во Русија.

Според пишувања на агенцијата „Blооmberg“, рокот за прием на понудите за потенцијалните купувачи истекнува денеска.

Магазинот „Forbеs“ е проценет на 400 милиони долари. За собирањето на понудите на заинтересираните инвеститори задолжени се консултанти на „Deutsche Bank“.

Извори за „Blооmberg“ тврдат дека фондот „Spice Global“ ја разгледува можноста за превземање на „Forbеs“ во партнерство со инвеститори од САД или земји од Блискиот Исток.

Покрај тоа, пријавата предвидува можност на семејството „Forbеs“ да имаат право за повторен откуп на дел од акциите.

Магазинот „Forbеs“, познат по правењето на листите на најбогати луѓе во светот, веќе долги години бележи пад на профитот, а причина за тоа се растот на дигиталните медиуми и намалувањето на приходите од реклами.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП