16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредба на директорите за странски инвестиции на Македонија и Албанија

Средба на директорите за странски инвестиции на Македонија и Албанија

Albania-Macedonia

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) Висар Фида, денеска имаше средба со неговиот колега од албанската Агенција за странски инвестиции Ардит Колаку.

Како што соопшти АСИПИРМ, двете држави ја сметаат за значајна тесната соработка за овозможување не само на зголемувањето на бројките во трговката размена и инвестициите, туку и за создавање на поповолна бизнис клима.

Колаку е дел од албанската бизнис делегација која престојува во посета на Македонија.

Во текот на посетата, албанската делегација ќе има можност да се запознае со моделите за привлекување на странски инвестиции, предностите и олеснувањата кои ги создава Владата на Македонија, како и помошта која ја нуди Агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП