25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо јануари зголемен бројот на невработени во Швајцарија

Во јануари зголемен бројот на невработени во Швајцарија

G

Бројот на невработени во Швајцарија во јануари се зголеми за 3,823 лица, во однос на претходниот месец, така што сега изнесува 153,260.

Стапката на невработеноста останува непроменета – 3,5 проценти од работоспособното активно население, покажуваат податоците на швајцарскиот Државен секретаријат за економија.

Во соопштението се додава дека порастот на невработеноста во јануари е од сезонски карактер, а дека на годишно ниво бројот на невработени лица е зголемен за 5,102 лица, пренесува швајцарскиот весник „20 минути“.

А кога ќе се додадат и кандидатите за работа кои имаат привремено вработување и оние кои се на усовршување, бројот на невработени тогаш изнесува 208,777 и е за речиси три илјади поголем во јануари во однос на декември минатата година. За една година нивниот број забележал пораст од 7,000.

Во исто време, бројот на слободни работни места, во јануари е зголемен за 2,551 на 12,296, што претставува потенцијална основа за намалување на бројот на невработени за наредната пролет, наведува весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП