2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Telekom ги откупи преостанатите акции на чешката подружница

Deutsche Telekom ги откупи преостанатите акции на чешката подружница

d-telekom

„Deutsche Telekom“ денеска објави дека ќе плати 800 милиони евра за целосна контрола над подружницата „T-Mobile Czech Republic“ во склоп на интеграцијата на структурата на мобилната мрежа и фиксните телефонски линии во Европа.

„Deutsche Telekom“ ќе ги купи преостанатите 39,23 проценти од уделот од конзорциумот на инвеститори на челосо инвестициската група „Mid Europa Partners“, соопшти германската телекомуникациска групација.

„Купувањето на акциите е природен чекор во процесот на трасформацијата на „Deutsche Telekom“ во пан-европски оператор“, изјави Клаудија Немат, член на управата на „DT“ за Европа и за технологија.

Во ноември минатата година „Deutsche Telekom“ го купи „GTS Central Europe“ зa 546 милиони евра, а со тоа го проширија работењето со инфраструктурата и фиксната телефонија базирана на оптичките кабли на подрачјето на Источна Европа.

Во „Deutsche Telekom“ напоменуваат дека новата аквизиција, која мора да биде одобрена од страна на регулаторите, нема да влијае на приходите и добивката пред каматата, данокот, депресијација и амортизација (EBITDA), затоа што чешкиот „T-Mobile“ веќе во целост е консолидиран.

Трансакцијата ќе овозможи „Deutsche Telekom“ да ја поедностави капиталната и управувачката структура во чешката подружница и да им исплати годишна дивиденда на малцинските акционери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП