5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот илегален во Русија

Биткоинот илегален во Русија

bitkoin20mkpolll56

Руските влaсти издадоа предупредување во кое наведуваат дека биткоинот често се користи за перење пари и финансирање на тероризам, и дека како таков станал паралелна валута – што во таа земја се смета за илегално.

Од Канцеларијата на државниот обвинител е соопштено дека користењето на биткоинот како алтернативна валута од страна на руските приватни лица и компании ќе се смета за илегално, бидејќи во Русија единствена валидна валута е рубљата.

Со користењето на биткоин, се наведува во соопштението, поединци или организации можат многу лесно да бидат вовлечени во илегални активности. Токму поради тоа, државниот обвинител во соработка со централната банка работи на заострување на законските регулативи кои се занимаваат со проблематиката за користење на виртуелни и алтернативни валути на територијата на Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП