26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВрховниот суд на Грција го прогласи неуставен данокот на имот кој се...

Врховниот суд на Грција го прогласи неуставен данокот на имот кој се плаќал со сметките за струја

grcija sud

Врховниот суд на Грција го прогласи за неуставен данокот на имот, кој граѓаните во земјата го плаќале во текот на 2011-2012 година со сметките за електрична енергија.

Се очекува одлуката на судот да предизвика шок во владиниот кабинет на премиерот Андонис Самарас, бидејќи ако се потврди неуставноста на овој данок, тогаш државата ќе мора да им врати околу две милијарди евра на даночните обврзници.

Мотивите на судот за ваквото решение се дека овој данок прекршувал повеќе уставни одредби и според судиите во случајот не станувало прашање за трошок, туку за обврска.

Од оваа година Грција престана да им наплаќа данок на имот на своите граѓани преку сметките за струја, туку воведе единствен имотен данок.

Данокот, кој беше обврзан со сметките за струја, беше воведен во 2011 година, со цел да и помогне на Грција да го зголеми буџетот, борејќи се со длабоката рецесија. Од овој и од уште еден данок за недвижен имот во буџетот годишно се слевале по 2,9 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП