24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„ЧЕЗ“ најави арбитража со Албанија и барање за отштета

„ЧЕЗ“ најави арбитража со Албанија и барање за отштета

cez

Чешката енергетска групација „ЧЕЗ“ денеска официјално ја известила албанската Влада за намерата да спроведе меѓународна арбитража поради незаштитување на инвестициите во дистрибутерската компанија во Албанија, јави дописникот на МИА од Прага.

– Компанијата „ЧЕЗ“ бара да и биде надокнадена штетата врз основа на договорот меѓу Чешка и Албанија за поддршка и взаемна заштита на инвестициите и Договорот за енергетска повелба која ја дефинира меѓународната прекугранична соработка во областа на енергетиката, кои двете земји ги имаат потпишано, изјави портпаролот на „ЧЕЗ“ Барбора Пулпанова.

Чешката електроенергетска компанија на албанскиот пазар влезе во мај 2009 година со купување на 76 проценти од акциите на албанската дистрибутерска компанија „ЧЕЗ Шперндарје“, а останатите 24 проценти се во сопственост на албанската држава.

Минатиот месец, Албанската регулаторна комисија на „ЧЕЗ“ и ја одзема лиценцата за стопанисување со енергетскиот систем во земјата поради „непридржување кон договорот со Владата на Албанија“.

Според Комисијата, „ЧЕЗ“ не ги исполнила обврските од договорот кои се однесуваат на увозот на струја и на инвестиции во модернизацијата на албанскиот електроенергетски систем.

Албанската Влада најави дека планира да побара меѓународна арбитража во спорот со ЧЕЗ предизвикан со одземањето на лиценцата на чешката електроенергетска компанија и да побара отштета. Експертите проценуваат дека со одземањето на лиценцата, „ЧЕЗ“ ќе загуби најмалку 200 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП