28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Европа и треба фонд за невработени

На Европа и треба фонд за невработени

eueueueueueueu

Земјите од еврозоната би требало да започнат амбициозен нов проект како што е заедничкото осигурување за невработените.

Тоа ќе биде одговор на растот на поддршката на евроскептичните партии, изјави францускиот министер за финансии, Пјер Московиси.

Анкетите покажуваат дека антиевропските партии најверојатно ќе освојат доста гласови на претстојните избори за Европскиот парламент во мај, што го покажува незадоволството на гласачите од потезите на политичарите во време на должничката криза, која предизвика долготрајна рецесија и висока невработеност во бројни земји од еврозоната, пренесува Ројтерс.

„На еврозоната и е потребна дополнителна интеграција, еврозоната мора да биде силна за граѓаните повеќе да веруваат во еврото“, изјави Московиси на Самитот на еврозоната.

Министерот верува дека добро решение би било формирањето на заеднички буџет во борбата против невработеноста. „Франција се залага за формирање на фонд, да го наречеме буџет, кој би бил употребуван за осигурување на невработените и кој делумно би можел да биде финансиран од даноците на финансиските трансакции“, изјави тој.

Единаесет земји на ЕУ договорија воведување на таков данок, но планот го саботираат европските правници, кои се сомневаат во неговата легалност. Париз и Берлин работат на заеднички план на полето на даноците, кој ќе го претстават во наредните месеци.

Московиси исто така наведува дека е неопходно да се зајакне лидерството во еврозоната, со предлог да се именува постојан претседател на еврогрупата на министрите за финансии, што е одлична идеја која ја поддржуваат и Германија и Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП