2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА„Да“ води до среќа, а „не“ до успех

„Да“ води до среќа, а „не“ до успех

yesno1noyes2

Кратко и јасно – „ДА“ води до среќа, а „НЕ“ до успех.

Еве и зошто

Кога ќе кажете „ДА“, им давате шанса на новите можности и ситуации. Кога ќе кажете „ДА“, повеќе работи ќе се случат. Истражувањата покажале дека, без оглед на материјалната ситуација, посреќни се луѓето кои повремено се согласуваат на пикник, на поскапа шолја кафе или оние кои себеси ќе се почастат со луксузно ДВД издание на нивниот омилен филм. Да кажеш „ДА“ на акциите кои се „поевтини“, тие носат краткорочна среќа, велат истражувањата.

Да кажеш „ДА“ на обврските, тоа носи среќа. Докажано е дека сите со исполнет дневен распоред, кои немаат многу слободно време, се посреќни.

Колку сте постари, толку подобро се сеќавате на случувањата и ситуациите кои се добри, кои вам ви донеле радост, задоволство и насмевка, отколку на оние другите, лошите. Ако запрашате некоја постара личност за што највеќе жали, ќе ви каже дека повеќе жали за она што го нема направено, за не за она што го направил. Затоа, кажете „ДА“.

„НЕ“ е клучниот збор за успех. Ворен Бафет напиша: „Разликата помеѓу успешните и многу успешните е тоа што многу успешните речиси на се кажуваат „НЕ!“. Таквиот став им дава време за големи достигнувања. Ако правите многу работи, многу активности, тогаш сте на сите страни и достигнувањето е просечно. Сосема очекувано. И, Притчет напишал: „Големите луѓе, со што и да се занимаваат, исти се. Не губат ниту минута. Не престануваат да работат и тоа е депримирачки“.

Како да се смират овие две работи?  

Ако на се сакате да кажете „ДА“, ќе работите се и сешто, ќе изгубите многу време и во ништо нема да бидете многу успешни. Ако на се кажувате „НЕ“, ви се насмевнива судбина на осамен, изолиран експерт.

Решение? Издвоете го своето „заштитено време“ за работата која ви е важна и во која сакате да постигнете врвни резултати. На пример, нека биде тоа еден час секој ден или повеќе часови. И тогаш се исклучувате и се изолирате. Уште подобар предлог е на вашата работа да и посветите неколку денови и тие да ги наречете „заштитени“. Тоа се оние денови кога на вратата од работната соба пишува „Забранет пристап“. Во останатите денови кажувајте „ДА“, „ДА“, „ДА“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП