3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗакрепнувањето во еврозоната зема замав

Закрепнувањето во еврозоната зема замав

inflacija-evrozona

Приватниот сектор во еврозоната, кога станува збор за неговата активност, во јануари забележаа најдобри резултати од јуни 2011 година, што е најновиот доказ дека скромното закрепнување на овој регион зема замав.

Индексот на менаџерите за набавка (ПМИ) за приватниот сектор на еврозната во јануари се зголеми на 52,9 поени од декемвриските 52,1 поени, што е седми последователен месец на раст, покажуваат податоците на истражувачката компанија Маркит.

Добрите резултати, според Маркит, се последица на зајакнувањето на преработувачкиот сектор, додека секторот за услуги во јануари е остро пригушен.

Овој индекс е важен индикатор за економската активност, при што секој резултат над 50 поени покажува на раст на секторските активности, а под 50 поени на пад на активностите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП