Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска ќе учествува на средбата на министрите за транспорт на државите во Југоисточна Европа, што се одржува во Тирана.
На средбата, како што соопшти кабинетот на Јанакиески, предвидено е да се разговара за тековните и планираните инфраструктурни проекти и активности во делот на транспортот и комуникациите, кои се од значење за земјите во регионот.