7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипарската Влада почнува консултации со „тројката“ за четвртата транша од финансиската помош

Кипарската Влада почнува консултации со „тројката“ за четвртата транша од финансиската помош

kipar8

Кипарската Влада денеска почнува консултации со „тројката“ меѓународни кредитори за отпуштање на четвртата транша од кредитите за излез на Кипар од финансиската криза.

Се очекува исполнувањето на актуелизираниот меморандум и реализацијата на плановите за приватизација на полудржавните компании да го отвори патот за исплаќање на четвртата транша од финансиската помош за Кипар и тоа да се случи на состанокот на Еврогрупата на 10 март, пишуваат кипарските весници.

Владини извори сметаат дека на тие консултации со тројката нема да има изненадувања и оти сите прашања ќе се решат без да бидат преземани дополнителни мерки.

„И покрај тоа сепак не се исклучува можноста технократите од „тројката“ да определат конкретни уште построги задачи и рокови за реализација на реформите, кои ги бараат“, пишува весникот „Филелефтерос“.

Консултациите почнуваат во услови на растечките социјални тензии на Кипар, каде за време на викендот се одржаа протести против строгите економски мерки, поставени од меѓународните кредитори.

Кипар стигна на работ на банкрот во првата половина од 2012 година и беше принуден да се обрати за финансиска помош кон партнерите од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд. По долгите преговори со Европската комисија, Европската централна банка и ММФ, кипарските власти се согласија во март 2013 година на строгите економски мерки во замена за отпуштање на кредит од десет милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП