6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШест работни места на иднината

Шест работни места на иднината

futurework1

Кои работни места во иднина ќе бидат најдобро платени? На ова прашање сите посакуваат да го знаат одговорот, особено оние кои допрва треба да се одлучат со што ќе се занимаваат во животот.

Новинарите на „Бизнис Инсајдер“ одговорот на ова прашање го побараа од Томас Фреј, футуролог и автор на книгата „Комуницирање со иднината“, кој издвои шест работни места кои во иднина сигурно ќе се зголемуваат.

Логистичар

Овие професионалци користат комплексни софтвери за да го следат движењето на стоката и производите, и смислуваат како овој процес да го направат поефикасен. Некои логистиари во САД дури работат и со владините агенции и помагаат во санирањето по природните катастрофи.

Зошто е работно место на иднината: Позицијата на логистичар драстично се менува, смета Фреј, кој наведува дека професионалците наскоро од секторот за стоки и производи ќе се префрлат во технолошки понапредните ситеми, како што се одбрана, каде ќе работат на проекти како што се беспилотните авиони, или во јавниот сектор на проекти за автоматски возила без возач.

Етички хакер

Како хакерот може да биде етички? Па се верува дека некои компании ќе вработуваат хакери кои намерно ќе хакираат некои системи со цел да предупредат на пример. проблемите во безбедноста. Во САД можете да добиете и сертификат за етички хакер.

Зошто е работно место на иднината: Годишната плата во САД изнесува 92,200 долари и нуди прилично лесен живот. Но, Фреј предупредува дека во иднина треба да се одреди што е етичко а што не.

Актуар

Актуар е професионалец кој се занимава со проблемите на финансиската неизвесност и ризици користејќи математички методи на теоријата на веројатност, статистика и финансиска математика.

Зошто е работно место на иднината: Во САД актуарите заработуваат 87,650 долари годишно, а се предвидува дека во наредните седум години оваа гранка ќе поране за 27 проценти. Вештините на актуарот можат да се развиваат во многу правци, смета Фреј, кој предвидува дека нивните услуги наскоро ќе се користат во здравствениот систем.

Хемичар за храна

Хемичарите за храна се задолжени за подобрување на вкусот и текстурата на храната, а Фреј предвидува дека пазарот на труд ќе „полуди по нив“.

Зошто е работно место на иднината: Со равојот на 3Д принтерите, Фреј предвидува дека со помош на нив ќе се приготвува храната – состојќите ќе ги вметнете во принтер кои ќе ви испринта храна, и тоа многу вкусна храна – благодарение на хемичарите кои точно ќе знаат кои состојќи е потребно да ги ставите во принтерот.

Епидемиолог

Овие експерти за заразни болести утврдуваат кои се изворите на заразата, работат на пронаоѓање на лекови и креираат протоколи за спречување на ширењето на заразата или болеста.

Зошто е работно место на иднината: До 2020 година американскиот Завод за вработување предвидел дека оваа гранка ќе порасне за 35,8 проценти, и тоа затоа што владата на САД вработува се повеќе од овие експерти со цел да работат на превентивните здравствени мерки и новите закони кои би го подобриле чувањето на медицински податоци.

Front-end програмери

Кога на некоја веб страна ќе кликнете на некој линк, тој ќе ве однесе на друга страна. Звучи едноставно, но сепак не е така. Таа работа ја обавуваат Front-end програмерите, кои покрај програмирањето и пишувањето на кодови мораат да знаат и кои решенија се најдобри за корисниците.

Зошто е работно место на иднината: Американскиот Завод за вработување предвиде дека до 2020 година оваа гранка ќе се големи за 22 проценти. Фреј вели дека компаниите се повеќе ќе внимаваат на интеракцијата со клинетите преку интернет, и за подобрување на комуникацијата ќе бидат потребни овие програмери кои нивната страна ќе ја направат поефективна и интуитивна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП