6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоветување за можни спорови околу користењето на ИПАРД

Советување за можни спорови околу користењето на ИПАРД

IPARD

Академијата за судии и јавни обвинители денеска организира советување на тема „Можни спорови во врска со искористувањето на ИПАРД фондовите“.

Советувањето е наменето за судиите и советниците од Вишиот управен суд, Управниот суд, како и од одделите за трговски спорови и граѓанските оддели на судовите од сите апелациски подрачја, за претставници на Државното правобранителство на Република Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Советувањето ќе го отворат директорите на Академијата за судии и јавни обвинители и на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Анета Арнаудовска и Тони Димовски.

Директорите на двете институции ќе потпишат и меморандум за соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП