2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоморите на Македонија и Албанија ќе ги промовираат можностите за инвестиции

Коморите на Македонија и Албанија ќе ги промовираат можностите за инвестиции

mkd-alb

Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на северозападна Македонија, во организација на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИ), денеска во Скопје ќе имаат средба со делегација на стопанските комори, асоцијации и здруженија на Албанија.

На средбата ќе бидат презентирани можностите за соработка во областа на земјоделството, прехранбената индустрија, трговијата и туризмот, со цел зголемување на меѓусебната соработка на компаниите од двете држави.

Ќе стане збор и за интензивирање на трговската размена и поттикнување на извозот на македонските производи и услуги, иницирање нови можности за заеднички настап на трети пазари и промоција на можностите за инвестиции во двете земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП