7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИArcelorMittal прогнозира поголем профит за оваа година

ArcelorMittal прогнозира поголем профит за оваа година

arcelormittal-india-

„ArcelorMittal“ најголемиот светски производител на челик, поттикнат од силната продажба во САД и Европа прогнозира поголем профит во оваа година.

И покрај прогнозите за бавната продажба во Кина и Бразил, извршниот директор на компанијата Лакшми Митал вели дека е „внимателно оптимистичен“ за 2014 година.

„ArcelorMittal“ произведува повеќе од пет проценти од светскиот челик.

Компанијата соопшти дека капиталните расходи ќе се зголемат во 2014 година.

Градежниот сектор е најголем корисник на челик и економските истражувања сугерираат дека градежните активности ќе се зголемат, особено во САД.

-Подобрувањето на вкупната економска ситуација ќе не доведе до рестартирање на некои одделни проекти за раст на челикот, вели Лакшми Митал.

Акциите на „ArcelorMittal“, кој е сместен во Луксембург и работи во 60 земји во светот, пораснаа за четири проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП