17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSwatch го зголеми нето профитот за 20 проценти

Swatch го зголеми нето профитот за 20 проценти

swatchscscsghy3

Светскиот лидер во производството на часовници, швајцарската компанија „Swatch“ во 2013 година оствари нето профит од 1,921 милијарди франци (1,57 милијарди евра).

Тоа е раст од 20 проценти во однос на претходната година, соопштија од компанијата.

Аналитичарите во просек очекуваа нето профит во вредност од 1,658 милијарди франци.

По четири години континуиран раст на „Swatch“ и воопшто швајцарската индустрија за часовници, овој резултат за 2013 е потполно очекуван, наведе компанијата во своето соопштение.

Резултатите на „Swatch“ во минатата година дополнително се зголемени со наплатата на отштетата од 402 милиони франци во еден спор со американската компанија „Tiffany“.

Сите модели на овој производител, започнуваjки од пластичните часовници, па се до луксузните брендови кои чинат неколку илјади евра, во јануари оваа година, забележаа раст, се вели во соопштението на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП