2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрадиционална Винаријада Нерези 2014

Традиционална Винаријада Нерези 2014

vinarijada_nerezi

Жителите на населбата Нерези и оваа година традиционално ја организираат манифестацијата „Винаријада Нерези 2014“ на која се врши презентација на вино и гурмански специјалитети и каде се промовира сопственото производство.

Винаријадата Нерези е манифестација од изложбен, хуманитарен и продажен карактер.

Целта на манифестацијата е да се придонесе кон поголема афирмација и промоција на виното, како препознатлив македонски производ, но истовремено да им се помогне на винарите, пред потенцијалните потрошувачи од Македонија, како на и здруженијата на сродни производители.

Манифестацијата е од културен карактер, а средствата кои ќе се соберат ќе се донираат за Црквата Св. Пантелејмон и семејствата од ранливите категории од населбата Нерези.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП