29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндија очекува побрз економски раст

Индија очекува побрз економски раст

indijainin26

Индија ја изнесе економската прогноза за фискалната 2014 година, во која се предвидува економски раст од речиси пет проценти, по растот од 4,5 проценти минатата година.

Официјален Њу Делхи во фискалната 2014 година, која завршува во март оваа година, очекува раст на бруто домашниот производ од 4,9 проценти, по минатогодишните 4,5 проценти, што беше најниско ниво во изминатата деценија, пренесува агенцијата Франс прес.

Прогнозата е оптимистичка и покрај низата на подигнувања на клучните каматни стапки со цел да ја запрат инфлацијата која се приближува до стапка од 10 проценти и да ја намалат државната потрошувачка со цел да го намалат огромниот буџетски дефицит.

Најновата прогноза значително е пониска во однос на растот од 6,1 до 6,7 проценти, кој владата првобитно го очекуваше во фискалната 2014 година. Меѓутоа, бројни економисти веруваат дека економскиот раст ќе потфрли во однос на владините очекувања и ќе изнесува околу четири проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП