21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLinkedIn ги разочара аналитичарите

LinkedIn ги разочара аналитичарите

linkedinininujruruurur

Најголемата професионална друштвена мрежа „LinkedIn“ во четвртиот квартал од минатата година остварила поголеми приходи од очекуваните, меѓутоа ги разочарала аналитичарите.

Компанијата со седиште во Калифорнија, која е оператор на друштвената мрежа наменета за деловните луѓе, во последниот квартал во 2013 година ги зголемила приходите за дури 47 проценти, на 447,2 милиони долари (329 милиони евра), со што за 10 милиони ја надмина просечната прогноза на експертите, пренесува „Reuters“.

Меѓутоа, прогнозата за приходите на групацијата за тековното тромесечје изнесувала од 455 до 460 милиони долари, за разлика од 470 милиони долари колку што предвиделе аналитичарите. Исто така, за цела 2014 година компанијата потврди цел од 2,02 до 2,05 милијарди долари приходи, додека аналитичарите во анкетата на „Reuters“ предвиделе 2,16 милијарди долари.

Оваа социјална мрежа, која моментално развива апликација за мобилни телефони, најави дека ќе го купи и сајтот за посредување и вработување „Bright“ за 120 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП