30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Оваа земја не е даночен рај“

„Оваа земја не е даночен рај“

irska15kol2

Ирска не е даночен рај, а интернет гигантите како што е „Yahoo“ доаѓаат во нашата земја со ниски даноци чисто од деловни причини, изјави ирскиот премиер Енда Кени.

„Концептот даночен рај нема никаква врска со Ирска. На европско ниво, ние направивме големи напори и развивме единствен дигитален пазар. Регулаторниот систем кој ние го имаме во Ирска е модел кој би требало да биде користен во сите европски земји“, изјави Кени за време на дебатата во седиштето на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во Париз.

Францускиот претседател Франсоа Оланд вчера коментираше и за важноста на борбата со т.н даночна оптимизација на големите компании, кои преку фирмите-ќерки плаќаат данок онаму каде што им е најповолно, а не во земјите каде е седиштето на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП