2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамалена добивката на Philip Morris

Намалена добивката на Philip Morris

philip morrisa

Тутунската компанија „Philip Morris International“ во последниот квартал од минатата година забележа пад на профитот од пет проценти на 1.99 милијарди долари.

Тоа претставува 1.24 долари по акција, соопштија од компанијата, а пренесоа новинските агенции.

Според прилагодените податоци, производителот на „Marlboro“ заработи 1.37 долари по акција и ги надмина очекувањата на аналитичарите од Волстрит.

Во истиот период од претходната година (2012), компанијата заработи 2.1 милијарди долари, што по акција било 1.25 долари.

Продажбата на цигари на повеќето пазари е намалена, а вкупниот пад бил четири проценти на годишно ниво. Негативно влијание на резултатите на компанијата имаше и движењето на курсот на американскиот долар.

Приходите на компанијата паднаа за еден процент, на 7.8 милијарди долари, што е во склад со очекувањата на аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП