28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонската автомобилска индустрија тема во публикацијата „Automotive Industries“

Македонската автомобилска индустрија тема во публикацијата „Automotive Industries“

avtoindustrija1

Американската публикација „Automotive Industries“ (АИ), во текст со наслов „Македонија се етаблира како производствен центар“ објавен месецов, пишува за автомобилската индустрија во државава.

Наведува дека Република Македонија стана нов центар за производители на автомобилски делови како резултат на близината на земјата до автомобилските фабрики во Централна Европа и Турција, како и нејзината инфраструктура.

Географската близина на овие пазари заедно со ефикасната логистика, се вели во текстот, овозможуваат ниски трошоци за дистрибуција и брза испорака од Македонија.

Публикацијата вклучува и интервју со директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида и економскиот промотор во САД, Дејан Величков.

„Automotive Industries“ е најстарата во светот постојана публикација специјализирана за автомобилската индустрија. Основана е во ноември 1895 година, а ребрендирана во 1909 година.

„АИ“ е посветен на обезбедување глобална покриеност на сите аспекти на автомобилскиот пазар, со акцент на луѓето, производите и процесите кои ја обликуваат индустријата.

Обезбедува повеќе од 18.000 производители и снабдувачи со релевантни вести, информации, увиди и анализи на глобални настани кои влијаат на автомобилската индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП