11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредба на министерот Димовски со турскиот амбасадор Сокменсуер

Средба на министерот Димовски со турскиот амбасадор Сокменсуер

O

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска се сретна со турскиот амбасадор во Македонија, Ѓурол Сокменсуер.

На состанокот, како што информира ресорното Министерство, разговарано е за тековните активности и проекти што се реализираат меѓу двете министерства, а кои произлегуваат од минатогодишната средба меѓу министерот Димовски и министрите Мехди Екер и Вејсел Ероглу.

Министерот Димовски оцени дека сите договорени активности успешно се реализираат, а една од нив е и напредокот во делот на водоснабдувањето и системите за наводнување.

„Искуството на турските експерти во делот на водоснабдувањето и препораките и насоките што ги добивме од нив ги ставивме во нашата програма за реорганизација на водостопанските претпријатија“, истакна Димовски.

Изминатиот период разменети се и искуства во делот на шумарството, преку посети на вработените од турското Министерство и посети на турски експерти во Македонија, а договорено е соработката уште повеќе да се интензивира особено во делот на заштитата од пожари за што се дефинирани конкретни активности.

Министерот Димовски изрази благодарност до Турската агенција за соработка и координација „Тика“ за реализацијата на проектот за развој на производството и квалитетот на оризот.

На средбата, амбасадорот на Турција изрази задоволство од досегашните проекти и надеж дека тие успешно ќе продолжат и во иднина.

Министерот Димовски упати покана до турските компании кои вршат откуп на јаболко да дојдат во Македонија и да го откупат преостанатото преспанско јаболко од минатогодишната реколта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП