9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPivovarna Laško ја тужи државата поради забраната за продажба на Mercator

Pivovarna Laško ја тужи државата поради забраната за продажба на Mercator

lasko1

Во Окружниот суд во Љубљана започнува процесот за тужбата на компанијата од групацијата „Pivovarnа Laško“ против државната агенција за заштита на конкуренцијата на пазарот, со која оваа компанијата бара оштета поради тоа што во 2011-та година биле спречени да го продадат својот дел од „Mercator“ на концернот „Agrokor“, објавија словенечките медиуми.

„Pivovarna Laško“ ја тужи државата поради забраната за продажба на „Mercator“ во 2011-та година.

Компанијата ја тужи државата и тогашниот директор на агенцијата Дамјан Матичиќ, затоа што во 2011-та сакале да ги продадат акциите од „Mercator“ на концернот „Agrokor“ по цена од 211 евра за акција, но им било забрането да располагаат со акциите на „Mercator“ со што беше стопирана продажбата, а сега бараат оштета од 59,2 милиони евра.

Агенцијата во 2011-та, на „Pivovarnа Laško“, „Union“, „Radenskа, како и на „Novа Ljubljanskа banka, „Nova kreditna banka Maribor“, „Banka Celje“, „Gorenjskа banka“ и „Abankа“ им забрани пренос на сопстеништвото на акциите на „Mercator“.

Подоцна Врховниот суд уврди дека решението за забрана за располагање на акциите на „Mercator“ било незаконско и дека тоа било нелегален потег на тогашниот директор на агенцијата.

Групацијата „Pivovarna Laško“ затоа сега поднесе тужба против државата и бара оштета во износ од 59,2 милиони евра, што претставува разлика меѓу цената која за „Mercator“ ја нудел „Agrokor“ и цената на акциите на „Mercator“ на берзата по одлуката на државната агенција за затштита на пазарната конкуренција.

„Agrokor“ во 2011-та за акција на „Mercator“ нудел 221 евра, а договорот кој овој концерн минатата година го потпиша со мнозинството продавачи на акциите на „Mercator“ беше предвидена цена од 120 евра по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП