27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРесторанот на винаријата Стоби оценет со четири ѕвезди

Ресторанот на винаријата Стоби оценет со четири ѕвезди

STOBI_restoran

Комисијата за категоризација на угостителски објекти при Министерство за економија на ресторанот на винаријата „Стоби“ од Градско му додели четири ѕвезди – највисоката категоризација што им се дава на угостителските објекти.

Обученоста и подготвеноста на персоналот на „Стоби“ да одговори на сите прашања на гостите во врска со вината, храната и начинот на подготвување, е истакната како еден од најважните елементи при доделувањето на највисоката категорија.

Високи оценки добија и барот, инвентарот во ресторанот, како и приборот за јадење. Утврдено е дека во кујната се работи со модерни апарати и професионална опрема и дека персоналот ги почитува највисоките стандарди за чување на храната и инвентарот.

stobi2

stobi3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП