8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавен повик за доделување концесија за хидроелектрични централи на Црна Река

Објавен повик за доделување концесија за хидроелектрични централи на Црна Река

hidrocentralacrnarekapovik1

Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање, на 1 февруари објави jавен повик за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река.

Се повикуваат потенцијалните домашни и странски понудувачи да достават понуди за доделување на Проект за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река, со заедничко вложување со АД ЕЛЕМ.

Понудите треба да бидат поднесени најдоцна до 10 часот на 16 април годинава на адресата на Министерството за животна средина и просторно планирање, а проектот ќе биде доделен на понудувачот кој понудил највисок процент на влог на АД ЕЛЕМ во заедничко вложување, кој не може да биде помал од 35 отсто, под услов дека ги исполнува критериумите за квалификација и има доставено технички и финансиски задоволителни информации, кои одговораат на барањата на тендерската документација.

Проектот, како што информира МЖСПП, содржи добивање концесија за вода од Црна Река за производство на електрична енергија, вклучувајќи ексклузивно право за дизајнирање, градење, управување и одржување на ХЕЦ „Чебрен“, ексклузивно право за управување и одржување на постоечката ХЕЦ „Тиквеш“ и ексклузивно право за дизајнирање, градење, управување и одржување на ХЕЦ „Орлов Камен“ врз основа на условите наведени во договорот за концесија за период од педесет и две години.

Во проектот се содржи и воспоставување на заедничко вложување со ЕЛЕМ врз основа на условите наведени во договорот за заедничко вложување и пренос на концесијата на новоформираното заедничко вложување. Процентот на учеството на ЕЛЕМ во основната главнина на заедничкото вложување ќе биде утврден од страна на најуспешниот понудувач во неговата понуда.

– ХЕЦ „Чебрен“ и „Тиквеш“, по вложувањето во заедничко вложување и опционално ХЕЦ „Орлов Камен“ ќе работат како независни производители на електрична енергија на домашниот и на меѓународниот пазар на електрична енергија, се наведува во соопштението.

Проектот ќе биде доделен преку транспарентен и конкурентен процес со примена на Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, релевантните одредби од Законот за јавни набавки и согласно со Одлука на Влада со која се почнува процесот на доделување на проектот.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека ја ангажирале International Finance Corporation (ИФЦ – Групација на Светска банка) да постапува како советник за проектната трансакција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП