5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ на САД: Подигнете го лимитот на задолжување

ММФ на САД: Подигнете го лимитот на задолжување

mmf

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) им порача на САД дека треба да ја зајакнат економската доверба по пат на подигање на лимитот на задолжување, во пресрет на расправата на таа тема во Конгресот.

„Клучно е да се намали неизвесноста на брзото подигнување на лимитот за задолжување“, изјави портпаролот на ММФ Гери Рајс, а пренесува агенцијата Франс прес.

„Американската економија моментално има многу работи кои и одат во прилог“, рече Рајс, укажувајќи на јакнењето на економскиот раст и вработувањата, како и договорот за новиот буџет, додавајќи дека последно нешто кое и е потребно на Америка сега е нов шок на довербата во форма на долготрајни дебати за тоа дали САД ќе успее да ги испочитува обврските кон должниците.

И покрај потребата да се финансира буџетскиот дефицит кој оваа година ќе надмине 500 милијарди евра, американското Министерство за финансии нема да успее да го подигне лимитот на задолжување до утре, кога ограничувањето стапува на сила. Администрацијата на претседателот Барак Обама побара лимитот да биде зголемен или да се укине, предупредувајќи дека министерството на крајот на февруари би можело да остане без средства за исполнување на своите обврски, вклучувајќи го и долгот.

Претходно оваа недела, министерот за финансии Џејкоб Лу предупреди дека ситуацијата околу лимитот за задолжување може да го загрози кредибилитетот на најголемата светска економија и да ги затресе финансиските пазари.

„Времето е кратко. Конгресот треба да реагира и да го подигне лимитот за задолжување, и тоа веднаш“, рече Лу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП