27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемување на оперативната добивка Daimler AG

Зголемување на оперативната добивка Daimler AG

Daimler AG, Hauptversammlung, April 10, 2013

Германскиот производител на автомобили „Daimler AG“ во четвриот квартал од 2013-та година забележа раст на оперативната добивка од 45 проценти од 1.74 нa 2.53 милијарди евра.

Во ова не е вклучена еднократната заработка од продажбата на уделот во авиокомпанијата „EADS“, соопшти компанијата.

Приходите на компанијата во четвртиот квартал достигнале 32,09 милијарди евра, што е раст од осум проценти.

Финансиската година го вклучи и априлското предупредување поврзано со профитот, при што договорот на директорот на компанијата Дитер Цече беше обновен на само три години, што беше сигнал кој му беше потребен да го придвижи развојот на настаните.

„2013-та беше година која не ја започнавме добро, но која ја завршивме многу успешно. Нашиот труд се исплатеше“, рече Цече во соопштението.

Профитот на компанијата во 2013-та година достигна рекорд од 8.7 милијарди евра, што подразбира раст од 28 проценти. Во нивото на профит допринесоа и 3.2 милијардите евра од продажбата на уделот во компанијата „EADS“, која „Daimler AG“ не ја сметаше како најважна за своето работење.

Приходите на компанијата во 2013-та година пораснаа за три проценти, достигнувајќи 117.99 милијарди евра.

Компанијата, чие седиште е во Штутгарт, соопшти дека ќе предложи раст на нејзината дивиденда од 2,20 нa 2,25 евра по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП