2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстралија ја зголеми прогнозата за економскиот раст во 2014

Австралија ја зголеми прогнозата за економскиот раст во 2014

avstralija1

Централната банка на Австралија ја зголеми денес прогнозата за економскиот раст на земјата за оваа година поради слабеењето на националната валута и ниските каматни стапки кои ја поттикнуваат потрошувачката, но предупреди за инфлацијата и за понатамошниот раст на невработеноста.

Во соопштението на централната банка, Банката за парични резерви на Австралија (РБА), се наведува дека економијата на Австралија во оваа година ќе оствари раст од околу 2,25 и 3,25 проценти, што е благо над прогнозираниот раст на РБА од ноември од два на три проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Што се однесува на изгледите за наредната година, РБА очекува значителен пад на инвестициите во рударскиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП