29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд мај директна авионска линија Скопје-Рим

Од мај директна авионска линија Скопје-Рим

alitalia1

Директна авионска врска меѓу Скопје и Рим ќе се воспостави од 1 мај годинава, а ќе ја опслужува операторот „Алиталиа“.

Редовната авионска линија ќе се одвива секој ден од аеродромот „Александар Велики“ до „Леонардо да Винчи“. За реализацијата на директниот лет Рим – Скопје ќе се користат воздухопловите Аирбус 320 и Ембраер 175.

– Воспоставувањето на новиот лет до Скопје на дневна база е одлука на компанијата по извршената анализа за нови летови во регионот, каде, меѓу останатите земени предвид биле и аеродромите во Приштина и Загреб, наведуваат во соопштението од Министерството за трнспорт и врски.

„Алиталиа“ е најголемата авиокомпанија во Италија која опслужува повеќе од 98 дестинации во 44 земји, а за летот Рим – Скопје е особено важна поврзаноста на нивниот главен хаб – аеродром „Леонардо да Винчи“ со Северна Америка, односно Канада, особено градовите Њу Јорк и Торонто, каде ќе можат да се трансферираат патниците од и до Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП