6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрендирање на руралните бизниси со цел задржување на младите во руралните области

Брендирање на руралните бизниси со цел задржување на младите во руралните области

Usson

Проектот „Брендирање на руралните бизниси со цел задржување на младите во руралните области“ е проект кој се реализира во микро-регионот Свети Николе – Штип и е проект финансиран од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) преку програмата за Поддршка на Социјално Претприемништво за Млади (Youth Social Entrepreneurship Support Programme). Проектот се имплементира од страна на Здружението за развој, претприемништво и претприемачко учење „Марвел-АДЕЕЛ“ во партнерство со компанијата СИ комуникејшн од Скопје и Општина Св. Николе.

Главната цел на проектот е да се зголеми бројот на претприемачки бизниси во микро-регионот Св.Николе-Штип преку идентификација на руралните традиционални бизниси и традиционални вештини за обработка на предмети со највисок потенцијал и нивно претворање во профитабилни компании. Развојот на руралните традиционални бизниси во претприемнички бизниси ќе им овозможи на младите луѓе од микро-регионот Св.Николе-Штип подобри и поголеми шанси за препознавање на вистинската професија и продолжување на својот живот во својата општина. Со активностите предвидени во проектот директно ќе се влијае на невработеноста кај младите, како еден од најголемите социјални проблеми во руралните области во рамките на микро-регионот Св.Николе-Штип. Втора цел на овој проект е да се влијае да се намали економската стапка на миграција на младите луѓе во овој микро-регион и нивна преселба во поголемите градови во Македонија или заминување во странство.

Во рамките на проектот предвидено е имплементирање на повеќе активности, вклучувајќи и организирање на обука на теми: маркетинг и промоција на мали, рурални бизниси; е-маркетинг и промоција преку социјалните мрежи, продажни техники на традиционални производи; како и обука за брендирање на традиционалните производи. Во овие обуки предвидено е да се вклучат сопствениците на традиционалните бизниси од микро-регионот, лица кои знаат традиционални техники на производство на предмети, членови на нивните потесни семејства – потенцијални наследници на нивните бизниси и млади лица кои имаат желба да усвојат традиционални вештини на производство или да се занимаваат со нивна промоција и продажба.

 

Самата обука се состои од 4 (четири) модули кои вклучуваат:

-Маркетинг и Продажни техники за традиционални производи

-Промоција на мали, рурални бизниси

-Интернет маркетинг и социјални мрежи

-Брендирање на традиционални производи

 

Секој модул ќе трае повеќе од 4 часа, а учество ќе земат триесетина сопственици на традиционални, рурални бизниси и млади лица од микро-регионот Свети Николе – Штип.

Тренингот ќе се одвива во Салата на Општина Свети Николе, каде како дел од овој проект е воспоставена и локална канцеларија за поддршка на рурални, традиционални бизниси. Распоредот на тренинг модулите е следниот:

tabela

 

Г-дин Зоран Тасев, градоначалник на општина Свети Николе „Навистина сум среќен што ваков пилот проект се имплементира во Свети Николскиот регион и истиот ќе овозможи заживување на традиционалните бизниси со нови претприемачки вештини. Верувам дека ова ќе ги поттикне младите луѓе да својата егзистенција ја бараат во овие традиционални бизниси и да допринесат овој регион уште повеќе да се развие, а со тоа да се овозможи поголем просперитет на граѓаните.

Благица Л’скова, координатор на проектот и Претседател на Марвел АДЕЕЛ „Веруваме дека микро-регионот Св. Николе-Штип има претприемачки потенцијал. Овој проект ќе придонесе кон развивање на бизнис потенцијалот во овој микро-регион преку ставање фокус на подобра промоција на традиционалните производи. Зголемувањето на бизнис потенцијалот на традиционалните бизниси од овој микро-регион ќе генерира поголем број на работни места зa младите луѓе, жители на овој регион. На овој начин проектот ќе придонесе кон остварување на неговата цел, т.е. задржување на младите луѓе во микро-регионот и нивно мотивирање да го пронајдат своето идеално место во овие две општини, а не надвор од Македонија. Преку        активностите кои како дел од овој проект ќе бидат имплементирани, се надеваме дека ќе придонесеме во менувањето на трендот на економска миграција од микро-регионот Св. Николе-Штип“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП